Охрид, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пуштени се во продажба последните 100 билети за утрешниот настап на Марјан Георгиевски во Охрид во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, како дел од неговата голема стенд ап турнеја.
Тој е еден од првите стенд ап комичари во Република Македонија, кој конечно, по цели петнаесет години прави ваков исчекор, на задоволство на публиката. Турнејата е насловена „За македонските работи“ и покрај во Охрид ќе имаат можност да ја видат граѓаните од повеќе градови ширум државата.
– Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатото, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас, вели Марјан.
Билетите по цена од 300 денари можат да се купат во А2 тобако и Даблин Паб во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива