Охрид, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден во Регионалниот центар за управување со кризи во Охрид не пристигнале пријави за поплавување на куќи и други објекти поради дождот што интензивно врне од синоќа, потврди раководителот на центарот, Митко Темелковски.
Според него, дождот не паѓа со голем интензитет па токму затоа не предизвикал поголеми проблеми.
– Дождот не паѓа со голем интензитет и токму затоа нема опасност од поплави. Утрово и кај водотеците се бележи благо зголемување на нивото, но сепак, тоа е далеку од опасно. Засега се’ функционира нормално, ни изјави Темелковски.
Тој додава дека повремени јавувања во ЦУК има од страна на жители на охридските села Завој, Опеница, Свињишта и Куратица кои повремено имаат прекини во електроснабдувањето, но како што појаснува, екипи на ЕВН се веќе на терен и работат на санирањето на дефектите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива