јули 22, 2024

Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Slow Food Ohrid, во сабота, на 27-ми јули, со почеток во 19:00 часот, на плоштадот „Долна Порта“ ќе се одржи третото издание на настанот „Вкусете го Охрид – локално“, на кој посетителите ќе можат да вкусат охридски и македонски специјалитети приготвени на традиционален начин.

– Slow Food Ohrid е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Slow Food замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра (квалитетна, вкусна и здрава храна), чиста (производство што не штети на животната средина) и правична (достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите), информираат организаторите.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето Slow Food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Слоу Фуд Македонија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука