Струга, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 21-ви февруари во Струга ќе се одржи мултикултурниот настан „Заедно за Струга“.
Настанот ќе биде во Спортскиот центар „Тими“, каде ќе се стави акцент на градење на мултиетничкиот соживот, преку разновидни активности. Учество ќе земат ученици од македонски, албански и турски паралелки од училиштата во Струга.
– Ќе ја прославуваме различноста на Струга преку групни активности. „Заедно за Струга“ е првиот настан од ваков вид, најавуваат организаторите.
Предвидените активности ќе се случуваат од 11 до 13 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26