август 10, 2017

Охрид, 10. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – За првпат во македонската спортска историја, во сабота на 12-ти август во Охрид ќе се плива Олимписки маратон во должина од 10 километри.

Како олимписка дисциплина, ќе се пливаат 10 круга од по еден километар. Стартот ќе биде на Старото градско пристаниште, а ќе се плива во круг до хотел „Милениум“.

Првиот олимписки маратон во водите на Охридското Езеро е под капата на ФИНА – Светската пливачка федерација, за регуларноста на трката ќе се погрижат нивни судии и делегат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука