Багдад, 09 февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку 12 лица беа убиени во самоубиствен напад врз шиитска населба во Багдад, изјавија официјални лица на ирачките безбедносни сили.
Во експлозијата, која се случи во близина на северниот дел на Багдад, беа повредени повеќе од 45 лица, соопшти полицијата, изразувајќи загриженост дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот врз шиитите, но се претпоставува дека тие се сунитски екстремисти од исламските земји кои живееле на територијата на Ирак и Сирија, и често го напаѓаат шиитското население.
Нападот се случи два дена откако ирачкиот премиер Хајдар ал Абади го укина полицискиот час во главниот град на Ирак, која е во сила од 2004 година, кога Ирак беше зафатен од насилство по инвазијата на американските сили. (Крај)
извор: ОхридПрес/Бета фото: архива