News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 11, 2024

Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во месец септември во Охрид биле издадени 5 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив едно е на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 76 станови со вкупна корисна површина од 3.797 м². Во анализираниот период во општина Струга не се издадени одобренија, додека во Дебрца само едно.

На ниво на Република Македонија, во септември годинава издадени се 296 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 146 се наменети за објекти од високоградба, 90 за објекти од нискоградба и 60 за објекти за реконструкција. Од вкупно 296 објекти, на 131 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 165 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67.372 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука