Струга, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Четири лица се здобија со телесни повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18:15 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Струга, кај Подмолј.
Од СВР Охрид информираат дека повредените лица – 39-годишниот Н.С. и 35-годишниот О.С., како и едно малолетно лице, сите од Охрид, со амбулантно возило биле префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
На понатамошно лекување бил задржан 52-годишниот С.Д. од струшкото село Радолишта.
Во сообраќајната незгода учествувале возило Трактор со приколка ИМБ со струшки регистарски ознаки, управувано од лицето Г.К. (43) од струшкото село Мороишта, патнички автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управуван од С.Д. (52) од Радолишта, патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски ознаки управувано од Н.С. (39) од Охрид, во кој како сопатници биле О.С. (35) и малолетното лице.
– Сообраќајната незгода се случила поради целосна неосветленост на тракторот и приколката полна со земја. Во критичниот момент, во задниот лев дел од приколката удрил автомобилот „Мерцедес“ кој се движел во истата насока. Ова возило, од силината на ударот се занело кон спротивната коловозна лента и со задниот лев дел удрило во предниот дел од автомобилот „Форд Фокус“ кое, по магистралниот пат се движело во правец од Струга кон Подмолје, додаваат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива