Охрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти август 2019 година, во 09:30 часот, на крстосница од улиците „Винковачка“, „Прилепска“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид се случи сообраќајна незгода едно лице се здоби со тешки телесни повреди.
– 31-годишниот Б.Ч. од Република Албанија, управувајќи товарно моторно возило „Форд транзит“ со струшки регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од 60-годишниот Б.С. од охридското село Горно Лакочереј. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22