Струга, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти мај 2024 година, во 10:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, 66-годишно лице од струшкото село Октиси, откако го паркирал патничкото возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, отворајќи ја предната врата удрил во велосипед управуван од 63-годишна жена од Струга.
– Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 30