Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец октомври и ноември 2024 година, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е да се врши увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца.
– Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи денеска, понеделник, 7-ми октомври 2024 година, во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во која сооодветно ќе делуваат и тимовите на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Здравствен дом Охрид, Црвен крст Охрид, како и службите на ЦУК и ДЗС, информираат од Црвен крст Охрид.
Додаваат дека е предвидено вежбата да започне во 09:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес