Струга, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април, со почеток во 12 часот, во салата на Советот на општина Струга ќе се одржи Локален младински форум.
Ваквите младински форуми кои ќе се одржат во вкупно осум градови, ги организира Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а се поддржани од канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје.
Целта на форумите е дискутирање на заклучоците и можните решенија предложените од младите на консултативните средби кои беа реализирани во текот на декември 2016 година, а во врска со потребите, проблемите и приоритетите на младите. На форумите е предвидено да присуствуваат претставници на локалната самоуправа (градоначалник, секретар на општина, советници, општинска администрација), претставници на политички партии (локални ограноци на партии, пратеници, подмладоци и сл.), претставници на образовни установи, граѓански сектор, бизнис сектор, медиуми и сите заинтересирани граѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива