Струга, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне во полициската станица Струга, персонал од Медицински центар Струга пријавил дека во болницата бил донесен починат 50-годишниот К.Ф. од дебарското село Долгаш.
Лицето како сопатник се превезувал во трактор кој го управувал 33-годишниот О.А. од истото село. К.Ф. паднал од тракторот и бил прегазен. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Дебар. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 19