Струга, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти декември 2023 година, околу 16:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 27-годишно лице, а на службен разговор е повикано уште едно, 25-годишно лице, двете од селото Враништа.
– Во селото Долна Белица, полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што првото лице исфрлило ќеса со марихуана, која била пронајдена и одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 56