Струга, 29. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми декември 2023 година, во 16:00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 56-годишна жена од истото село.
– При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 47