Охрид, 11. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во средното општинско училиште „Св. Климент Охридски“ во тек е показната вежба за евакуација при пожар и земјотрес.
Според информациите од СВР Охрид вежбата се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници.
– Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата, а со почитување на препораките за заштита од Covid-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес