јуни 8, 2018

Охрид, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е пријавувањето за традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден“ кој секоја година се одржува во селото Мешеишта.

– Tурнирот ќе се одржува во периодот од 19.06.2018 до 12.07.2018 година, а екипите ќе можат да се пријавуваат до 17.06.2018 година кај лицето Крцоски Игор – Манце (телефон 075/701-800). За учество на турнирот секоја екипа треба да плати по 3.000 денари најдоцна до 17.06.2018 година. Распоред на екипите во групи ќе се врши на 18.06.2018 година во 21:00 часот во Домот на Културата во Мешеишта (кај Полигонот). Фондот на наградите ќе биде соопштен на денот на влечењето. Ве молиме да го запазите терминот за пријавување до 17.06.2018, до 20:00 часот, рок по кој нема да вршиме пријавување, информираат од организациониот одбор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука