Ануак, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Судир меѓу автобус и товарен воз одзеде 16 човечки животи во Мексико, а најмалку 30 лица се повредени.
Меѓу загинатите се и две деца. Според спасувачите, најверојатно бројот на загинати ќе расте, објави Ројтерс.
Инцидентот се случил во градот Ануак, во државата Нуево Леон. Автобусот се обидувал да ја премине железничката линија при станицата Камаронес, во близина на границата со САД, кога бил турнат.
Според зборовите на градоначалникот на Ануак, Десидерио Уртеага, автобусот бил така згмечен, што спасувачите морале да сечат лим, за да вадат тела и живи патници. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 22