Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во продавниците за музика во центарот на Токио започна продажбата на новиот студиски албум „Let Us Be“ на охридскиот гитарист Владимир Четкар.
– Албумот е музичка симбиоза на џез, фанк, соул и диско и е мое комплетно авторско дело каде се најдов во улога на композитор, аранжер/оркестратор, продуцент, гитарист, вокалист, текстописец и диригент. Се снимаше во Чикаго и Милвоки во „Electrical Audio“ и „Hi-Five Studio“, со жива инструментација, вели Четкар за албумот.
Содржи 8 композиции: „Don’t Make Me Wait“, „Let Us Be“, „Ohrid“, „A New Day“, „High Devotion“, „More Than I Ever Asked For“, „Alexander At The Oracle“ и „MATO“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 97