Истанбул, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Турската полиција уапси 26 членови на разузнавачки служби кои се осомничени за нелегално прислушување на службеници, владини претставници и бизнисмени, пренесоа турските медиуми.
Рациите беа спроведени во крајбрежниот град Измир. Канцеларијата на Јавниот обвинител нема донесено ниту една изјава во врска со акцијата на турската полиција, пренесува Ројтерс.
Полицијата на 5 јануари, веќе спроведе неколку рации кога беа уапсени 22 полицајци, а исто така, осомничени за илегално прислушување беа службеници, владини претставници и деловни луѓе. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 31