март 29, 2017

Охрид/Тушемиште, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со несмален интензитет продолжуваат активностите во рамки на заедничкиот проект за заштита на биодиверзитетот на трите езера кои се наоѓаат во Дримскиот басен.

Како што е веќе познато проектот е регионален, а е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка.

GEF_640x360

Во Тушемиште, Албанија се одржува дводневен работен состанок за биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен и заштитата на видовите и живеалиштата. На состанокот учествува и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Инаку и оваа година со повеќе настани ќе се одбележи Денот на реката Дрим – 5 мај. Во тие рамки ГЕФ Дримскиот Проект во тек е отворениот повик за невладини организации и здруженија на граѓани за понуди за идеи и проекти за прослава на денот. Апликациите може да се доставуваат до 31 март.

извор: ОхридПрес   фото: Пановски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука