Охрид, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 10-ти до 12-ти февруари во Охрид ќе се организира Технички семинар и Меѓународен Инструкторски курс со проф. Сениор Гранд Мастер црн појас ИК дан – Ким Унг Чол.
Семинарот ќе се одржува во спортската сала во Велгошти, во организација на Таеквондо клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец.
– Ким Унг Чол е еден од најдобрите мајстори во светов и еден од двајцата мајстори во светот со звање Сениор Гранд Мастер. Тренинзите ќе се одржуваат во петок навечер, сабота наутро и навечер, и недела наутро. После тоа ќе има полагање за црни појаси, најавува Марјанчо Лазаревски од Таеквондо клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 13