Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во хотелот „Гарден“, беше приготвена шопската салата која што влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Салатата ја подготвуваа готвачите од хотелот со помош на учениците од Средното општинско угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ и дел од советниците од градскиот совет.
Комисијата од Гинисовата книга на рекорди, внимателно го следеше целиот процес на подготовка и на крај потврди дека 202,86 – те килограми шопска салата се доволни за Гинисов рекорд.
Во Охрид пристигнаа дел од сопствениците на најпознатите ресторани во Русија, кои исто така учествуваа во подготовката на салатата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov
Прочитано: 20