јануари 6, 2023

Охрид, 6. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Билјанини Извори“ ги известуваат граѓаните дека во сабота, на 7-ми јануари 2023 година, јавниот градски паркинг со кој стопанисува Јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.

– Се приклучуваме во одбележувањето и славењето на Христовото раѓање и во таа насока ја донесовме оваа одлука. Им го честитаме празникот на сите православни верници и им посакуваме многу здравје и бериќет.
За многу години, „Христос се роди“, порачуваат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука