Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вo ООУ „Братство Единство“ во Охрид, во чест на 7-ми Ноември, Денот на ослободување на Охрид, во организација на ШК „Ласкер“ од Охрид, денес се одржа IV Општинско првенство во шах „7-ми Ноември 2024“.
– Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 34 шахисти, меѓу кои и 2 девојки. Најуспешен беше Велкоски Стојан со 6 поени од 7 партии и најдобар бухолц, втор беше Велкоски Иван со 6 поени, а третото место го освои Алексовски Александар со 6 поени и најслаб бухолц во споредба со шахистите кои имаа 6 поени. Најдобар млад шахист до категорија U14 со освоени 4,5 поени е Павел Мишески, а во категорија U12 со освоени 4 поени е Иван Пероски. Најдобра шахистка беше Лушеска Емилија со освоени 3,5 поени, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива