април 3, 2017

Охрид, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 6-ти април,екипите на Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“ ќе вршат интервенции на водоводната мрежа.

Ќе се врши превземање редовни годишни активности како што се: измивање на резервоари и водоводни линии, поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти.

– Акцијата опфаќа измивање и дезинфекција на сите резервоари и водоводни линии поради што ќе има прекин на водоснабдувањето во Град Охрид и околните населени места чии водоснабдителни системи се под надлежност на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид, најавуваат од претпријатието.

Прекинот ќе трае во период од 05.00 до 17.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука