Охрид, 19. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 22-ри јуни, на охридскиот аеродром ќе слета првиот чартер лет од Катовице (Полска), на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.
Првите полски туристи во Охрид ќе слетаат во 10:15 часот, а ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој, амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“, Габриела Манка Сокулу.
Како резултат на ваквите маркетинг активности на ТАВ, во 2016 година еден од најголемите европски тур-оператори Томас Кук почна да лета од охридскиот аеродром, носејќи туристи преку чартер-летовите Брисел-Охрид, додека во исто време минатата година израелската авиокомпанија Аркиа почна со чартер-летовите на релација Тел Авив-Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива