Охрид/Белчишта, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 17-ти октомври 2024 година, во зградата на Општина Дебрца, во селото Белчишта, ќе биде свечено отворен Изложбениот центар за Белчишкото блато.
– Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016 Охрид“ работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да ви го испрезентираме сработеното. Креираме вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување на овој прекрасен предел и да придонесат кон подобрување на своите заедници, посочуваат организаторите.
Центарот ќе биде отворен во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 152