Шарлот, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Човекот добива еднаков износ на гени од двајцата родители, но го користи поактивно ДНК- материјалот кој го наследил од таткото.
Заклучокот е на научници од Универзитетот на Северна Каролина. Тие истражувале лабораториски глувци кои по својата генетичка различност личат на луѓето.
Се покажало дека татковите гени доминираат во 60% од случаите.
Конкретно, мозоците на новата генерација глувци биле поблиски како структурата до мозоците на татковците во споредба со мозокот на нивните мајки.
– Добиените резултати може да помогнат во лекувањето на наследни болести, истакнува шефот на истражувачкиот тим, Фернандо Пардо-Мануел де Вилена. (Крај)
извор: NIH фото: архива
Прочитано: 30