февруари 15, 2017

Охрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Забележано е зголемување на трошоците на живот во јануари за 0,6 проценти, во споредба со истиот месец минатата година.

Има и зголемување на цените на мало за 1,5 отсто, забележа државната статистика.

Поскапувањето на трошоците во споредба со претходниот месец се должи пред сè на зеленчукот и овошјето, млекото, течните горива за домаќинствата, информатичка опрема и телефонските и телефакс услугите.

Намалување е забележано кај рибата и морските плодови, болничките услуги, туристичките пакет аражмани, обувките и лековите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука