Охрид, 15. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јуни годинава во Охрид било издадено само едно одобрение за градба и тоа на правен субјект, објави Државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектот е 25.754.000 денари.
Во анализираниот период, во општините Струга и Дебрца нема издадени одобренија за градба.
Со оглед на тоа што мораториумот за градежни активности во Охрид е воведен на 8-ми овој месец, оваа градба ќе може да се реализира, со оглед на тоа што отпочнатите постапки за издавање на одобрение за изградба, надградба и доградба не се опфатени со времената забрана.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2019 година на државно ниво се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива