Охрид, 15. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е гласањето на шестите по ред локални избори, а општинската изборна комисија излезе со првите бројки за излезноста во Охрид.
– Изборниот процес на подрачјето на Општина Охрид тече во најнормална процедура. Излезноста е во рамки на очекуваното. До 10:00 часот на гласачките места се излезени 2806 гласачи или во проценти 5,3% од вкупно запишаните 52.858 избирачи, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Димитрија Вревезоски.
Тој истакна дека избирачкиот материјал навреме бил доставен до избирачките одбори во текот на вчерашниот ден, а утринава сите гласачки места биле навреме отворени во 07:00 часот.
Од избирачките одбори досега нема информации за некакви нерегуларности.
Следниот преглед за излезноста и текот на изборниот проес од ОИК го најавија за 13:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес