септември 25, 2017

Охрид, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе достигне 17. степени.

– Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток. Локално се очекува да наврнат над 15 л/м2, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука