Охрид, 26. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откријте ја нашата богата колекција од повеќе од 225 различни вкусови на Македонско вино, која ќе ги задоволи вашите сетила, порачуваат од охридскиот Bacchus Wine Bar.
Тие испраќаат покана до сите вљубеници во пијалокот на Боговооте во Охрид за винска дегустација.
Што можете да очекувате?
– Професионални водичи кои ќе ви ја откријат тајната на виното.
– Различни стилови на вино од бело, црвено до розе.
– Даски со локални квалитетни сувомеснати и млечни производи.
– Пријавете се сега и внесете некои нови вкусови во вашиот живот. Дозволете ни да ви покажеме како виното може да создаде посебни моменти, потенцираат од Bacchus Wine Bar.
Резервации на 078/247-420 или 075/464-500.
Bacchus Wine Bar & Apartments повеќе од една година успешно работи од центарот на градот, и нуди вистинско уживање за сите сетила. На врвна локација и со амбиент и понуда за најголемите вински сладокусци. Повеќе од 30 македонски винарии нудат 225 видови вино, а може да се пробаат и уникатни ракии од кои повеќе од четвртина ги има само тука. Даваат и силна поддршка за локалните производители на храна, која го надополнува виното за едно уникатно и незаборавно искуство.
Се наоѓа во самото срце на градот, на улица „Цар Самоил“ број 17, а располагаат и со современо уредени апартмани со прекрасен поглед кон езерото и стариот дел на градот. Можете да ги побарате на нивната официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи. Телефон за дополнителни информации 075/464-500. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива