Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година, по традиија, охридските „Тамаро“ маркети ќе организираат „Совршен ден“ за Денот на вљубените, 14-ти февруари.
– Оваа година, како што доликува, каде што е љубовта, таму е и чашата убаво вино. Заедно со нашите пријатели од „Тиквеш“ организираме „Совршен ден“ за еден пар вљубени од Охрид или Струга. Традиционално, имаме богати награди и патување до винаријата „Тиквеш“, со прошетка низ винаријата и специјално приготвен ручек од Шеф куварите за добитниците, залиени со вкусно „Тиквеш“ вино и многу изненадувања. Се` што треба да направите е да ни испратите Ваша фотографија како наздравувате со некое од вината на „Тиквеш“ или било каква идеа со вината заедно со партнерот или партнерката и да ни доставите сметка за купени „Тиквеш“ вина од маркетите на „Тамаро“ во Охрид или Струга. Треба да ги доставите до 12-ти февруари во „Тамаро 7“ маркетот во населбата „Бејбунар“. Останатото е наша грижа, „Совршениот ден“ чека на Вас, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.
Светлана и Христијан Аврамоски минатата година имаа навистина ден за паметење и беа „Совршениот пар“, кој за Денот на вљубените имаше „Совршен ден“, овозможен од „Тамаро“ маркетите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива