ноември 15, 2017

Охрид, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Двајца ученици од ОУ „Христо Узунов“ се вратија со освоено второ место на престижната манифестација Ноември Месец на науката 2017 година, која оваа година се одржува по втор пат.

Петтоодделенците Матеј Исакоски и Елена Стојоска, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска, освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата.

ucenicinagrada

Организатор на настанот беше Сојузот  на хемичарите и технолозите на Македонија. Учество зедоа над 400 ученици од прво до шесто одделение од цела Македонија.

Целта на настанот е поттикнување на младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, со што од друга страна се врши популаризација на природните науки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука