јуни 15, 2018

Охрид, 15. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Собирен центар“ во изведба на театарската група на волонтери при Црвениот крст од Суботица, Србија на го одбележа вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“.

Претставата се одигра на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, а делото на Душан Ковачевиќ во режија на Бранислав Трифковиќ сликовито ги прикажаа случувањата на ликовите во претставата на овој и „оној“ свет.

Вечерва ќе се одигра претставата „Црвена сфера на плава лагуна“ на театарската група од Црвен крст Бар и претставата „Аферите на Џон“ на театарската група на Црвен крст Битола.

Двете претстави ќе се играат во Цетарот за култура „Григор Прличев“ во термините од 19:00 и 21:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука