Струга, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН) денес членовите на Здружението ИНКА и публиката ќе уживаат во богата културна програма во која различните генерации ќе можат да одберат од целовечерната пoнуда: изложба, или претстава, или концерт, или дј сетови.
Прогласена за најдобар студент на генерација, ликовната уметница од Струга, Викторија Попоска, е наградена со стипендија за изложба. Резултат на тоа е првата самостојна изложба „Запознавање“ која после Музеј на Град Скопје, ќе има свое претставување и на домашната сцена во Струга. Публиката ќе може да ја погледне изложбата во Галерија Коџоман, а отварањето е во 20 часот.
Во 21 часот, на меѓусцената од Центар за култура „Браќа Миладиновци“ граѓаните ќе можат да го погледнат моноспектакалот или сатиричната турболенција „Писма од земјата“ на Никола Тодороски.
Ќе има целовечерна музичка програма со концерт на Fighting Windmills и Дј сетови.
Fighting Windmills ќе одржат целовечерен концерт од 22:00 часот. Забавата ќе продолжи со Дј Сет на Maggie (BTKRSH / Code XX) Скопје и Струшкиот Дј Боби.
Локацијата е Фоаје Ц.К. Браќа Миладиновци, Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива