Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Славица Костоска, вршител на должност директор на Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Охрид, утре, со почеток во 10 часот и 30 минути ќе одржи прес конференција.
На пресот ќе стане збор за функционирањето на новиот правен субјект кој работи од почетокот на оваа учебна година. В.д. директорката ќе зборува за основањето на училиштето, за соработката со Локалната самоуправа, за успесите, но и за предизвиците со кои се соочува новоформираното училиште.
Инаку, конкурсот за избор на директор на ова училиште заврши, а најсериозен кандидат за оваа функција е токму професорката Костоска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 30