Манчестер, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, на неопределено време ќе отсуствува од фудбалските терени, бидејќи на натпреварот во Борнмут ја скршил метатарзалната коска во десното стапало.
Според клупските доктори, дополнителните прегледи ќе покажат колку 19-годишниот напаѓач кој на преходните четири натпревари беше првиот избор на Пеп Гвардиола,ќе отсуствува од терените.
Жесус на два натпревари во Премиерлигата постигна три гола за Сити. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20