март 22, 2017

Париз, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС)  – Францускиот тенисер Гаел Монфилс, кој во моментов е 11-ти на АТП листата, поради повреда подолг период ќе отсуствува од тениските терени.

30-годишниот Монфилс во соопштението истакнал дека има проблеми со Ахиловата тетива и дека му е оштетена рскавицата во левото колено, поради што ќе мора да паузира подолг период.

Монфилс во кариерата освоил шест титули, а на грен слем турнирите два пати играл во полуфиналето, во 2008 година на Ролан Гарос и во 2016 година на УС Опен. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука