март 12, 2017

Манчестер, 12. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиските медиуми пренесуваат дека Дани Алвеш после само една година може да го напушти Јувентус и да се пресели во Манчестер Сити.

Каталонскиот тренер сака да донесе нов десен бек на „Етихад“, па иако Бразилецот е во поодминати години, Гвардиола смета дека е подобро решение од Забалета и Сања, кои ова лето најверојатно ќе го напуштат клубот.

Гвардиола и Алвеш во периодот од 2008 до 2012 година соработуваа во Барселона и заедно освоија 14 титули. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука