август 12, 2019

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пред една недела побаравме одговор од градоначалникот, но сѐ уште не добивме одговор за наплатата на црно на одедени локации по плажите, информираат од огранокот на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) од Охрид.

– Деновиве добиваме пораки од наши загрижени сограѓани за нови такви локации, а една од нив е земјиштето пред хотелот „Орце Николов“, наспроти хотелот „Белведере“. Наплатата за паркингот е во висина од 150 денари, па повторно ќе го прашаме градоначалникот кој дал таква дозвола? На кој основ е дадена дозвола? Дали воопшто е дозволено да се наплаќа и да се користи овој простор? Не сакаме да претпоставуваме и да носиме заклучоци дека можеби ова служи само за перење на пари. Каква улога има градоначалникот кој одобрува наплата на црно и ги потпомага тие што го прекршуваат законот? Зарем охриѓани ќе продолжат да бидат најголемите туристи и да ја плаќаат цената, за да може градоначалникот да го испорача тоа што им го ветил на своите блиски и на партиските војници? Сигурни сме дека и за ова ќе ги обвини ДПМНЕ и претходните градоначалници, нели тие се за сѐ криви. Но нас не зачудува фактот што прават инспекторите и кој им дава наредба да гледаат „низ прсти“. Дали конечно ќе почне да важи законот или ќе се продолжи со безредието? Очигледно градоначалникот нема намера да ја смени тактиката и да се откаже од испорачување на зделките кои беа склучени пред изборите. Во име на ГДУ и од име на нашите сограѓани, му порачуваме на градоначалникот да преземе мерки околу овој проблем и да почне да важи законот исто за сите. Да престанат да се прават поделби на партиски војници (првостепени граѓани) и второстепени (обични граѓани кои немаат политички активности). СТОП за беззаконието и безредието! Охрид не го заслужува ова! Охриѓани не го заслужуваат ова, рагираат од партијата. (Крај)

извор: ГДУ фото: ГДУ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука