јули 20, 2019

Охрид, 20. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пред некој ден премиерот го обелодени и го потврди нашиот сомнеж за „капитулацијата“ на така наречениот градоначалник, кој по неколку месеци ќе треба да ги предаде своите ингеренции, стои во дописот до медиумите на ГДУ Охрид.

– Во денешното соопштение од Општина Охрид пак се вели дека нема да бидат предадени никакви ингеренции, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решаваат заедно со Владата. Дали конечно ќе падне договор помеѓу Владата и градоначалникот на Охрид, Георгиевски и ќе се договорат околу ингеренциите за дивоградбите во Охрид? Искрено еден факт не зачудува, а тоа е дека инволвираноста во Советот од времетраење година и пол, по желбата да стане татко на градот, зарем не занел Георгиевски што го чека? Зарем не бил запознат со проблемите кои ги има нашиот град? Знаел и тоа како, а предизборната кампања или подобро речено „лага“ е доказ за тоа. Не толку одамна истиот тој човек бараше гласови и ветуваше брда и долини, а беше и во првите борбени линии во 2016 год. кога стана и советник. Зарем ние заборавивме или мисли дека имаме кратко памтење? Би го замолиле охридскиот „татко“ на градот да си поднесе оставка и да се извини на граѓаните кои му ја дадоа поддршката, нели ако отстапи од ингеренциите за кои и впрочем е избран, или пак ако не може сам да најде решение и бара помош од Владата, зошто се нафати и ја бараше позицијата- градоначалник?! Очигледно само за еден одговор има тука место, а тоа е дека предизборните зделки добро го подмачкале и го заситиле. Градоначалникот има две фази на владеење, првата е „веде“ каде и впорочем само фигурираше како градоначалник и втората фаза е како „таканаречен“, каде присуствуваше на коктели, забави, пикници, конференции, накратко како да е почесен гостин во градов. Ова ли е човекот кој ќе го правеше Охрид европски град? Ова ли е човекот кој ќе раководеше со градот како татко? Ова ли е човкот кој ќе спроведеше ред во градот? И ова ли е човекот кој немаше да дозволи Охрид да се упропастува? Да тој е, но од него само лагите ни останаа и кукавичкиот чин! Од името на ГДУ и на нашите сограѓани, очекуваме што би рекол премиерот, час поскоро оставка и извинување до излажаните граѓани кои ви ја дадоа довербата, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ГДУ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука