Охрид, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Уште колку треба да чекаме за фамозниот стационар или со зборовите на кадрите на СДСМ „ултра модерен“, прашуваат од ОО на ГДУ од Охрид.
– Уште колку време му треба на директорот на ЈП „Охридски комуналец“ за да го добие фамозното одобрение, за изградба на фамозниот стационар? Од 2016 СДСМ е на власт, од 2016 СДСМ најави ваков проект кој ќе ги спаси охриѓани од кучињата скитници, кои стануваат се поголем проблем во градот. Воедно и директорот Љупчо Грданоски, пред извесен период укажа дека се чека одобрение, па би го запрашале уште колку треба да се чека? Каде е проблемот? Зарем две и пол години не Ви беа доволни? И уште колку години ви се потребни за да добиете одобрение и уште колку години за да стигнете до конечна реализација? Со вакво темпо на работа очигледно уште еден век нема да биде доволен. И за крај ве замолуваме да ги засукате ракавите и ако барем малку ви значи мислењето на охриѓани ќе се потрудите да го решите овој долгогодишен проблем, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ГДУ фото: архива