Охрид/Скопје, 3. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски, во најавата за интервју на А1он откри дека поднел кривична пријава против советникот во општината од ДУИ, Нефи Усеини, за дивоизградената пицерија кај Чинарот.
– За објектот кај Чинарот, лично јас поднесов кривична пријава до Обвинителството против советникот, бидејќи тој лично кажа дека е негова сопственост. Како и за секој друг објект, така и за тој. Јас разговарав со Нефи Усеини и за бетонската база. Му кажав дека час поскоро бетонската база треба да се отстрани од таму, наведе Георгиевски.
Контроверзниот советник од редовите на ДУИ побарал да му се најде прописно место за бетонска основа, но Георгиевски, како што вели тој, му порачал дека „тој не е агенција за недвижнини“. (Крај)
извор: А1Он фото: ИРЛ