Баку/Охрид, 3. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 43-та сесија на Комитетот за светско наследство во Баку, Азербејџан ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, како и сите активности, кои беа во насока на исполнување на препораките од мониторинг мисијата на УНЕСКО од 2017 година, објави на неговиот профил на Facebook градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески.
– Од голем број земји членки на Комитетот, кои денес имаа свои излагања, е констатиран напредокот во реализацијата на препораките. До крајот на оваа седмица се очекува да се донесе конечна одлука поврзана со нашиот регион. Се надеваме на поддршка и шанса, да продолжиме посветено и одговорно со реализација на мерките за заштита на Охрид и заедно да го зачуваме ова Светско наследство, додава Георгиески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива