Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Постапката за рушење на дивоградбите не е прекината, не е закочена, тоа што треба да се урива ќе се урива, рече денес градоначалникот Константин Георгиески.
– Уривањето на дивоградбите не се само машините на терен, ние тераме правни постапки, а градежната механизација за остранување е крајот на сета таа акција. Постапката не е прекината, не е закочена, тоа што треба да се урива ќе се урива. Имаме свој план, кога ќе дојде време ќе се постапува, истакна Георгиески.
На последната седница на градскиот совет со изгласаниот ребаланс на општинскиот буџет се обезбеени дополнителни 2 милиони денари за рушење на дивоградбите.
Градоначалникот Георгиески подвлече дека во новиот буџет ќе бидат предвидени повеќе пари за дивоградбите, а доколку не се доволни ќе се побара помош и од државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива