март 7, 2015

Берлин, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот пејач Андреас Кумерт, кој беше победник во националниот конкурс за учество на изборот за песна на Евровизија, одби да учествува на финалниот натпревар кој ќе се одржи во Виена.Својата одлука тој ја објасни со ставот дека „нема сила да излезе на меѓународна сцена“.– Јас сум скромен пејач. Јас не сум во позиција да учествувам на Евровизија, изјавил 28-годишниот изведувач, кој главно е специјализиран за клупска музика.

Организаторите немаа друг избор и во Виена ќе ја испратат 24-годишната Ан Софи, која е родена во Лондон и беше втора на националниот избор. Таа ќе ја претстави Германија со песната „Black Smoke“.

Финалето на Евровизија ќе се одржи во мај во австриската престолнина. (Крај)

извор: Stars фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука