Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на проф. Наум Јамандиев, и оваа година реализираа планинарска тура на Галичица.
– Се одржа традиционална планинарска тура 25 години Галичица 2024, со должина од 24 километри на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид. Гимназијалците излегоа со поддршка на лицата со Мултиплекс склероза, и оваа година во обид да ја подигнеме свеста за оваа категорија наши сограѓани, порача професорот Јамандиев, кој ја раелизираше турата со помош на Жанко ЗШ Голабоски.
Планинарскиот марш е веќе традиционален и се реализира во рамките на вонучилишните активности и проектната активност „планинарење“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 52